Седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје

Денеска се одржа единаесеттата седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, на која се дискутираше на неколку теми, меѓу кои данокот на имот, изготвувањето на единствена програма за поставување урбана опрема за подрачјето на целиот град, како и процесот на подготовка на регулациони планови.

Градоначалникот Трајановски се осврна за процесот на наплата на данокот за имот, каде е евидентирано зголемување на процентот на наплата во однос на истиот период од минатата година.

 

- Процентот на наплатата на данокот на имот до крајот на месец јуни, во споредба со истиот период во 2013 година, е зголемен за 35 проценти. Координативното тело на денешната седница покрај за наплатата дискутираше и за начините за евиденција на постојаниот имот и земјишта на физичките и правните лица, за што ќе се одржи состанок и со претставниците на Министерството за транспорт и врски и Катастар на Скопје, рече Трајановски.

 

Околу процесот на подготовка на регулационите планови, Трајановски го информираше Кординативното тело за постојаната динамика на носењето на истите, каде се очекува Советот на град Скопје да нови во просек по 12 регулациски планови секој месец. Оваа динамика зависи и од добивањето на посебни ажурирани податоци за землиштето од Катастарот, за што дополнително ќе се одржи состанок со претставници од оваа институција. Околу процесот на носењето на единствена програма за поставување урбана опрема за подрачјето на целиот град, на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе бидат донесени програмите за општините Центар и Гази Баба, додека другите уште се во фаза на евалуација и треба да се донесат до крајот на месец август.

 

На Координативното тело на градоначалници на Скопје се дискутираше и за можноста во летниот период, кога има зголемена опасност од пожари, да бидат ангажирани и волонтери од градскиот и општинските противпожарни сојузи. Овие волонтери ќе поминат соодветна стручна обука, би биле опремени и за нивниот ангажман би добиле соодветни хонорари, а на таа тема ќе се дискутира на посебен состанок со претставници на овие противпожарни сојузи.

 

 

 

13.07.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега