Пешевски на средба со новиот британски амбасадор
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.
Пешевски го информираше Гарет за политиките на Владата наменети за развој на домашната економија. Соговорниците зборуваа и за спроведените проекти, како и за проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст.
Пешевски и Гарет изразија задоволство и ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, кои, како што оценија, се традиционално добри, со динамична разнообразна соработка. Изразија и желби за натамошен поттик на економската соработка и зголемување на трговската размена.
Велика Британија е значаен трговски партнер на МАкедонија. Минатата година земјата се најде на третото место на листата на најголеми трговски партнери, со вкупна трговска размена од 806 милиони долари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа