Николоски: Најдобро е да има предвремени парламентарни избори

Изминативе три дена се случува конференција на тема „Енергенсите и економската криза и улогата на парламентот“. Конференцијата е во организација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во соработка со шведската фондација Jarl Hjamarson, која што е официјална фондација на Модератерна партија од Шведска, таа моментално владејачката партија која што од скоро го има премиерот на Шведска.

„Овие три дена се разговараше за катастрофалната економска состојба во којашто е Македонија и исто така немањето план за справување со енергетската криза. Веќе сме на крајот на ноември, почеток на декември, зимата е пред нас, нема се уште јасен план за континуирано производство на електрична енергија, домашните капацитети не се користат, има масовен увоз на електрична енергија и компаниите ден за ден затвораат, затоа што мора да купуваат електрична енергија од берза која што е далеку поскапа од тоа што претходно го добиваат и стануваат некомпетативни на пазарот и за жал мора да затворат“, изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не зборувам за состојбата со централното греење во Скопје или со начинот на греење на остатокот во државата, каде што електричната енергија, но и сите други енергенси од типот на дрва и се останато е далеку поскапено и народот тоа го чувствува на сопствена кожа“, додава Николоски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе сет на закони и законски измени со кои предлага мерки за намалување на енергетската криза и економската сиромаштија.

„За жал не гледаме голема респонзивност и затоа најдобар начин да се реши оваа криза се брзи предвремени избори, најдоцна пролет 2023 година. Затоа што не смееме да заборавиме дека кризата ќе е малце подолга, и дека доаѓа уште потешка зима а тоа е зимата во 2023 година“, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Press24 (@press24.mk)

27.11.2022 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега