Не се сигурни дали е сериозна или се шегува: Девојка покажала трик за зголемување на усните без филери

„Што се однесува до карминот за усни, најважна работа не е нијансата, туку да ја прифатите од Бога дадена вистината каде ви завршуваат усните“ е познатата реченица на Џери Сајнфелд.

Ако мислите дека е претерано, само погледнете го туторијалот на тиктокерката Мери Шерб, самопрогласена 'директорка за носечка шминка'.

Прво со креон исцртала многу поголеми усни од оние кои природата ѝ ги дала, а потоа го поплнила подрачјето на лицето (повторно, тешко е тоа да се нарече усни) со црвен кармин. Во насловот на видеото, таа посочува дека овој вид шминка ги зголемува усните и без филери.

Но, коментаторите брзо истакнале дека страничен поглед би можел да разоткрие колку шминката е предимензионирана во однос на нејзините усни.

„Ајде сега заврти ја главата“, „Ова би требало да биде илегално“, се дел од коментарите на згрозените фанови.

Имало и такви кои ѝ рекле дека треба да го прифати своето лице онакво какво што е.

„Ова едноставно е тажно. Половина кармин ти е на лицето“, гласи еден коментар.

Други се прашувале колку е практичен тој мејкап.

„Сето тоа е убаво и добро, додека не почнеш да се потиш, да јадеш или пиеш“.

Но, колку тоа и да е неверојатно, имало и позитивни коментари:

„Генијално!“, „Препорачувам“, тврдат оние кои и сами пробале.

@marysherb

no lip filler needed

 More Than A Woman - SG's Paradise Edit - Bee Gees & SG Lewis

@marysherb

trust the process 

 FVN! - LVL1

14.10.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега