Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години

 

 

Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането, на Пиринеите во Шпанија, би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпите на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането.

Утврдено е дека предметните црни мукозни формации го забрзуваат топењето на глечерите.

Истражувачот Начо Лопез-Морено и неговиот тим ја измериле дебелината на глечерот користејќи копнен радар (GPR).

Научниците утврдиле дека стапката на топење на Ането е тројно зголемена од 1981 година. Само минатата година се стопи триметарски слој од глечерот, а од 1981 година дури 30 метри. Глечерот досега изгуби 64 отсто од својата маса.

Истражувачите соопштија дека има 21 глечер на Пиринеите, од 52 што постоеле во 1850 година. Постојните глечери изгубија до 91 отсто од својата површина.

„Глечерот во последните години секоја година губи по 1,5 метар. Под претпоставка дека неговата просечна дебелина е 11 метри, глечерот не може да трае долго“, рече Лопез-Морено и додаде дека глечерот Ането може да исчезне за десет години.

Третиот екстремен топлотен бран во Шпанија летово го собори рекордот за највисока измерена температура на воздухот, покажуваат податоците регистрирани од 1928 година.

Шпанскиот метеоролошки институт (AEMET) објави дека на 18 јули е измерена рекордна температура од 45,4 степени Целзиусови во областа Фигерес во Жирона.

11.08.2023 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега