МЗШВ: Нови 97 милиони евра неповратна помош

 

Нови 97 милиони евра неповратни средства издвојува Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата. Тоа претставува зголемување за 62 отсто споредено со ИПАРД 2 кога земјава доби на располагање 60 милиони евра, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Ова, како што е посочено во соопштението, е своевидно признание за Република Северна Македонија и земјоделските политики кои ги води Владата, особено земајќи ја предвид статистиката која бележи огромна, односно 97 отсто искористеност на средствата од ИПАРД програмата со што стануваме земја-лидер во целиот регион.

-Вкупниот инвестициски циклус во македонското земјоделство само со ИПАРД 3 програмата изнесува високи 210 милиони евра. Покрај овие 97 милиони евра неповратни средства од ЕУ, тука влегува и кофинансирањето од страна на МЗШВ во висина од дополнителни 31 милион евра, како и 82 милиони евра инвестициски средства од страна на домашните корисници на оваа програма, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Поддршката која како земја ја добиваме од Европската Унија, како што се наведува во соопштението, е значајна за развојот на македонското земјоделство, а успешната реализација на европските земјоделски програми уште еднаш ја потврдува посветеноста и решителноста на МЗШВ и Владата во процесот на интеграција и полноправното членство во Унијата.

-Набавка на нова опрема, изградба или проширување на производствените капацитети, поддршка за туризмот и руралниот развој се само дел од проектите кои се поддржуваат во рамки на ИПАРД програмата. Покрај развојот и модернизирањето на македонското земјоделство, поддршката која се добива од ИПАРД влијае во подобрувањето на економијата на државата и намалување на невработеноста преку отворање на нови работни места, посочуваат од МЗШВ.

12.07.2022 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега