Мургашанска: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

 


Откога му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откога јавно проговоривме за сите сомнежи за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово сака да нѐ замолчи, изјави Анита Мургашанска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.

Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара, додаде таа, Максим Димитриевски поднел тужба дека бил навреден и наклеветен.

„Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на Општина Куманово. Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја забошоти, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи сите што му се спротивставува и јавно му ги обелоденуваа“, рече Мургашанска.

„Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и за сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи“, рече таа.

Мургашанска најави дека СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја негова злоупотреба и ќе бара институционална реакција од надлежните.

„Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски. Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор? Како тоа Димитриевски добил стан од 97 квадратни метри во центарот на Куманово за само 2.500 евра?“, праша таа.

19.06.2025 - 15:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега