Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

 

Во однос на фискалната стабилност, Министерството  за финансии веќе работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница следната година, со цел да се обезбедат средства за сервисирање на Еврообврзницата што доспева во 2026 година и е во износ од 700 милиони евра, кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телевизија Сител.
 
„Тоа ќе биде износ поголем од 700 милиони евра, бидејќи дел од евентуалниот буџетски дефицит за 2026 година исто така ќе го финансираме преку еврообврзницата. Најголемиот дел од Буџетот во 2025 година го финансиравме преку домашните банки, но сега е време да се насочиме кон меѓународните финансиски пазари,“ рече министерката.
Во однос на реализација на проектот за изградба на брзата пруга, минисетрката кажа дека не се предвидени повлекување на средства ниту оваа, ниту наредната година.
 
"Верувам дека ќе добиеме добри понуди од меѓународните финансиски институции. Па потоа ќе следи анализа на понудите, а потоа ќе има закон за задолжување, а имаме и избори. Со информациите што ги имаме од Министерството за транспорт и врски првите исплати ќе бидат во 2027 година“, истакна Димитриеска-Кочоска.
19.06.2025 - 19:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега