МТСП: Работодавачите од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години

 

 

Во врска со примената на препораките на Владата поврзани со работењето за време на топлотниот бран, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот инспекторат за труд соопштува дека работодавачите од јавниот и приватниот сектор се должни да ги ослободат од работа бремените жени и лицата над 60 години возраст.

Препораките за приватниот сектор се однесуваат само на начинот на организација на работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во период од 11 до 17 часот, велат од министреството.

Појаснуваат дека правните субјекти кој вршат градежна дејност и чии активности се вршат на отворено се должни да ги запрат активностите во период од 11 до 17 часот.

„Со оглед на фактот дека одредени активности на правните субјекти може да претставуваат ризик по здравјето на изложените работници, Државниот инспекторат за труд покрај препораките, при инспекциските надзори постапува и во согласност со одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа.

Така согласно член 49 став 2 од Законот за безбедност и здравје при работа ако инспекторот на труд врз основа на надзор кај работодавачот утврди дека постои непосредна опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, со решение ќе ја забрани работата во целост.

Со оглед на тоа што во услови на топлотен бран, високите температури односно високиот УВ индекс се максимум изразени, истите сами по себе претставуваат непосредна опасност по безбедноста и здравјето на работниците за што инспекторите на труд имаат правен основ за изрекување на напред наведената инспекциска мерка“, се истакнува во информацијата од министерството.

26.07.2023 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега