Мисајловски: Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест во Куманово по контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНес.

Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски порача дека сега е време да се покаже пркост бидејќи Заев сака да не прекрсти и омаловажи.

-Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци. Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои  на Костурница, но се  разбира и многу борци што се родиле но и поколенија  што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот , а се разбира било за слободна Македонија. Затоа драго ми е што во Куманово се собираме да направиме протест но ги охрабрувам насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ  туку сите граѓани да ни се приклучат дали со нивните возила, дали на било каков друг начин да посветат малку време да ја покажат нивната пркост бидејќи промените започнуваат од секој еден од нас, рече Мисајловски.

Вели дека борбата мора да е на улицата бидејќи Заев морал да си замине.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега