Мицкоски: За доизградба на клиничките центри во Штип и Кичево се разговара со западноевропски влади
Владата разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево, потврди денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски кој по отпочнување на доизградбата на градинката во село Таринци во Општина Карбинци одговараше на новинарски прашања. Тој посочи дека веќе тимови на овие земји биле на терен, за да ја видат состојбата со доизградбата на болниците.
-Создаваме еден вид на конкурентност. Навистина станува збор за моќни држави, во топ пет држави, една, не е тајна дека е Франција. Јас тоа го зборував со претседателот Макрон на таа билатерална средба и нормално тие што ќе дадат најдобри услови, тие ќе ги прифатиме. Тоа е пракса да се потпишуваат Влада со Влада договори и јас мислам, не мислам, сигурен сум дека ќе биде дел од Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, а потоа продолжуваме и со другите реформи во здравство, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа