Мицкоски: Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат

Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените и пред сѐ неточни тврдења на Заев, поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет.

Дали Заев, со тоа што менува член на комисијата, врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат?

Ние како опозиција немаме детални информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите, вели Мицкоски во својата објава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега