Мерки за штедење струја: Нема рестрикции, ќе се зголемува производството
Мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат во сила од 1. следниот месец. Одлуката ја донесе Владата вчера на седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. На наредната владина седница треба да биде донесена и одлука за прогласување кризна состојба во енергетиката. Засега нема најава за рестрикции на струја, а од Владата најавуваат зголемување на производството.
Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече вчера на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.
Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции.
На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа