Меџити: Никој не е над законот, секој којшто ќе го прекрши законот, ќе се соочува
Да оставиме судот и обвинителството да ги расчистат случаите во Куманово, бидејќи се во интерес на општата безбедност, изјави денеска, првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи ан новинарски прашања во Липково, каде присуствуваше на акцијата на садење дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште.
- Да оставиме тоа значи на органите коишто се занимаваат со тоа и на судство и обвинителство да ги расчистат тие случаи бидејќи се во интерес на општата безбедност и во интерес на граѓаните да се расчистат. Пораката е никој не е над законот, секој којшто ќе го прекрши законот, ќе се соочува, рече Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа