Го претепале во Србија, па стигнал до Липково, мигрант со повреди пренесен во болница
Вчера во 20:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Лојане, општина Липково, со повреди било пронајдено едно лице мигрант.
Екипа на Итна медицинска помош му укажала помош, а полициски службеници констатирале дека лицето е М.Р.Н.(38) од Авганистан и според негово кажување бил физички нападнат на територија на Република Србија.
Се работи на расчистување на случајот.
05.09.2025 - 18:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа