Маж во Калифорнија им помогал на патки да го поминат патот, а потоа загина

 

Маж од Калифорнија загинал откако во него удрил автомобил, а непосредно пред несреќата им помогнал на патки да го преминат патот, јавува Си-Ен-Ен.

Кејси Ривара излегол од своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџер возач во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата.

Еден сведок, Самер Петерсон, изјави за локалното дописништво на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на судирот.

„Рекоа: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа наеднаш го удри автомобил“, раскажува таа.

Луѓето оставиле цвеќиња и гумени патки на местото на несреќата.

„Сакаме да изразиме благодарност до сите вас за убавите пораки и сочувство. Навистина е убаво да се слушне како Кејси има позитивно влијание врз вашите животи и ние сме исклучително благодарни за тоа“, изјави неговата сопруга Енџел Чоу.

Полициската управа Роклин соопшти дека нема уапсени и инцидентот останува под истрага.

Возачот тинејџер најверојатно нема да се соочи со кривична пријава, изјави полицискиот капетан на Роклин, Скот Хорило, за NBC News.

23.05.2023 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега