Маж се заканил дека ќе ја нападне Косовската амбасада доколку не биде примен на итна средба

 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на повеќе службени лица, вработени во Амбасадата на Република Косово во Скопје, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв. Тој се јавил од мобилен телефон на службениот телефон во дипломатското претставништво и се заканил дека ако не биде примен на итна средба, ќе ја нападне Амбасадата и вработените.

Со цел неперечено водење на постапката и обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, забрана за посетување на Амбасадата на Република Косово, како забрана за приближување и воспоставување контакт со амбасадорот и со други службени лица вработени во Амбасадата.

09.11.2023 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега