Крах на системот во Куба: Милиони без струја

 

Милиони луѓе на Куба останаа без електрична енергија кога денеска повторно падна националната електрична мрежа, соопшти Министерството за енергетика и рударство

Прекинот на струја е голем проблем на островот, каде што жителите веќе се соочуваат со недостиг од храна, гориво, вода и лекови, пренесува Ројтерс.

Министерството за енергетика и рударство на земјата соопшти дека електраната Антонио Гитерас, најголемиот производител на електрична енергија во земјата, во Матанзас, престанала да работи околу 2 часот по полноќ по локално време, што предизвикало колапс на мрежата низ островот.

04.12.2024 - 16:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега