Кирков: Арсовска ја претвори Зоолошката во еден хорор филм

 


Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип, изјави на денешната прес-конференцоја 
Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град, рече Кирков.

„Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец.

Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти.

Сепак доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.

Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално“, посочи Кирков.

Кирков нагаси дека Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од  регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми.

„Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите.

На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност!“, потенцираше Кирков.

20.10.2024 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега