Канје Вест исчезна - должи огромна сума на пари
Раперот Канје Вест (45) наводно исчезнал откако неговиот поранешен менаџер го обвини за неисплатени авторски права.
Како што пишува „Мирор“, поранешниот менаџер на Вест, Томас Сент Џон побарал од раперот 4,5 милиони долари, а тој пред судот во Лос Анџелес изјавил дека не може да му ги достави судските документи на раперот бидејќи не може да го најде.
Исто така, Томас тврди дека документите ги испратил на три лични адреси на раперот. Сепак, документите никогаш не стигнале до Канје.
Според странските медиуми, Вест последен пат бил виден во јавноста неколку дена пред да биде обвинет од неговиот поранешен менаџер.
Да потсетиме дека Канје во последните месеци беше во центарот на вниманието поради недоличното однесување на социјалните мрежи. Неговите антисемитски коментари и објави резултираа со загуба на неговите главни спонзори – Баленсијага и Адидас, по што раперот загуби поголем дел од парите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа