Калин Ивановски го чека голем скок на АТП-листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе забележи скок од 117 места следниот понеделник поради освоениот турнир во Ираклион, Грција.

Ивановски со триумфот на турнирот освои нови 15 бодови, кои ќе го однесат до 633. позиција која ќе биде најдобар пласман во неговата кариера.

Македонскиот тенисер во следниот период ќе настапува на турнир во Израел.

31.10.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега