Ист Гејт Мол: Доставената закана за поставена бомба е неверодостојна

 
Од Ист Гејт Мол пред малку преку социјалните мрежи информираат дека дојавата за бомба во трговскиот центар е лажна, и дека се завршени безбедносните проверки во објектот.
 
„Ист Гејт Мол ги информира закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции при што е утврдено дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна.
Трговскиот центар продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време.
Ист Гејт Мол се заблагодарува на надлежните институции за брзата и навремена реакција“, се наведува во соопштението.

09.12.2022 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега