Хорор на семeјна вечера во Битола: Тешко повредено 5-годишно дете

 


Ужас ја потресе Битола, откако 5-годишно дете било нападнато од куче скитник додека седело со своите најблиски на семејна вечера, објави 4news.mk.

 

Настанот се случил во текот на викендот, а според информациите, детето прво му давало храна на кучето, но кога престанало – кучето го нападнало.

 

Според сведоштва, детето се здобило со повреди во пределот на лицето, при што му било повредено окото. На фотографии од местото на настанот се гледа крв, што укажува на сериозноста на нападот.

 

Детето било веднаш пренесено во болница, каде му била укажана лекарска помош. Засега не е познат степенот на оштетување на окото.

Граѓаните се револтирани и упатуваат критики за негрижата на институциите во справувањето со популацијата на кучиња скитници во градот.

14.04.2025 - 10:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега