Гужва на Табановце - проверете колку се чека

 


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ соопшти и дека од вчера попладне е нормализиран сообраќајот на тешки моторни возила на излез од земјава, од БП „Дизел” кон ГП „Блаце”. 

Автомотосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.

11.07.2025 - 09:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега