Грција: Невакцинираните здравствени работници се враќаат на работа
Грција ќе ги врати на работа илјадниците вработени во здравствениот сектор кои одбија да се вакцинираат против ковид-19, најави министерот за здравство по судската одлука.
„Пресудата ќе биде спроведена, иако според мене се работи за опасна одлука за јавното здравје“, изјави министерот за здравство Танос Плеврис за Мета ТВ.
Според Плеврис, одлуката која стапи на сила пред една година за отстранување на околу 6.500 невакцинирани вработени во здравствениот сектор треба да биде укината од 1 јануари 2023 година, а можеби и порано.
Дневникот Катимерини во октомври објави дека има повеќе од 2.000 невакцинирани здравствени работници, од кои 170 лекари.
Највисоката судска инстанца во Грција, Државниот совет, минатата недела повика да се укине мерката.
Повеќе од 5,3 милиони случаи на ковид-19 се регистрирани во Грција од почетокот на пандемијата. Повеќе од 34.000 смртни случаи се припишани на коронавирусот, според Министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа