Градоначалникот Пецаков по закон морал да седи дома веднаш по тестирањето за ковид-19

На крајот од 2020 година, изменет е Законот за заштита на населението од заразни болести и додаденa е нова законска одредба според која секое лице што се тестира за ковид-19, задолжително мора да оди во самоизолација од закажувањето на тестот до добивањето на резултатот. Самоизолацијата, според законските измени, продолжува доколку резултатот е позитивен. Вака одговори д-р Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на заканата со тужба на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Според доктор Бухова, законот е јасен и се однесува на сите лица, пренесува „Слободен Печат“.

Пецаков претходно кажа дека на Водици се тестирал за ковид-19 заради патување во странство, а додека го чекал резултатот продолжил да ги извршува обврските, иако го немал добиено резултатот од тестирањето.

24.01.2022 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега