Грабнат татко и избоден син во Берово поради долгови, двајца мажи им упаднале дома

 

Насилна драма се одвивала во атарот на Берово во семејна куќа кај местото викано „Линако“ поради нерасчитени должничко-доверителски односи.

Имено, двајца мажи доцна синоќа упаднале во домот на татко и син од Берово. Синот го натепале и употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило.

Според информациите од полицијата, таткото подоцна е пронајден, а еден од напаѓачите е приведен.

Со случајот, запозаен е јавен обвинител и се работи на расчистување.

09.11.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега