Го фатиле на дело - Косовец ограбувал куќа во скопски Карпош

 

Во вторникот во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа. При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.

„Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.“ - информираат од МВР

26.12.2024 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега