Гази Баба добива нови 8 спортски терени: Градоначалникот Стефковски со увид на теренот во Ченто
Градоначалниот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните активности за изградба на нов спортски терен на најсовремена тартан подлога кој се гради во Ченто кај старата полициска станица.
Со ова започна реализацијата на новиот проект: Изградба на 8 спортски терени на тартан подлога во населените места низ општина Гази Баба.
Во мојата изборна програма со која ја добив довербата од граѓаните во 2021 година стоеше ветувањето: "Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите", денес со гордост можам да кажам дека и ова ветување е исполнето во целост. Досега изградивме 27 спортски терени, а со изградбата на новите 8, оваа бројка ќе биде 33 спортски терени изградени за само 4 години, нешто што никогаш претходно не се случило – истакна градоначалникот Стефковски.
Веруваме во младите. Веруваме дека спортот не е само игра – туку и воспитување, здравје, мотивација и иднина. Затоа создадовме простор каде тие можат да тренираат, да се натпреваруваат, да сонуваат и да успеваат.
Продолжуваме посветено, проект по проект, терен по терен – затоа што ветувањата не се само зборови, туку дела што траат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа