ФОТО: Едно лице почина двајца со изгореници - Пожар во куќа во охридско

 


Едно лице почина, а две се здобиле со изгореници во пожар што избил рано изутринава во куќа во охридското село Требеништа, Општина Дебарца, објави Противпожарната единица Охрид на нејзиниот профил на Фејсбук.

Пожарот е пријавен во 8:25 часот, две противпожарни возила од Охрид со пет пожарникари успеале да го изгасат.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид Борко Јанкулоски информира дека при пристигнувањето на противпожарните екипи објектот веќе бил целосно зафатен со пламен, при што од него биле извлечени две лица со полесни изгореници, додека во куќата имало и тело на изгорено лице.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати

10.11.2023 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега