ФОТО: Девојче од Британија го расплака светот со овогодишното писмо до Дедо Мраз

 

Добротворната организација „The Big Help Project“ од Кенсингтон го објави на социјалните мрежи писмото на 10-годишната Лили до Дедо Мраз, кое многумина ги расплака.

„Драг Дедо Мраз, мама ми рече дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека ќе оздравиш наскоро. Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат! Те сака Лили (10 години). П.С. Бевме навистина добри“, се вели во писмото.

„Ниту едно дете не треба да пишува вакво писмо. „Едно од седум деца нема да добие подарок под дрвото овој Божиќ, а 24.000 деца во Ливерпул живеат во сиромаштија“, напиша организацијата и ги повика следбениците да се приклучат на проектот за донации.

27.12.2023 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега