(ФОТО) АД ЕСМ ги поздравува владините мерки за штедење на електрична енергија

 

РЕК Битола и РЕК Осломеј произведоа за приближно 40% повеќе електрична енергија во првите седум месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до јули 2022г термоелектраните произведоа 1559 GWh електрична енергија, додека од јануари до јули 2021г произведоа 1126 GWh, информираат од АД ЕСМ во соопштение испратено до медиумите.

„Зголеменото производство се должи на зголемениот ископ на јаглен во сопствените рудници, набавката на јаглен за дополнително производство, и подготвеноста и техничкото одржување на блоковите.

Во истиот период, постигнато е да се намали потрошувачката на вода, односно производството на електрична енергија од хидроелектраните е намалено за 25% и нивото на акумулациите се држи на оптимална кота, со цел заштеда на хидропотенцијалот за следниот период, кога во текот на грејната сезона се очекува пораст на побарувачката и на потрошувачката на електрична енергија.

Оттука, АД ЕСМ ги поздравува владините мерки и препораки за штедење на електрична енергија, и смета дека истите ќе придонесат да се намали притисокот врз производните капацитети и да се растовари електро-енергетскиот систем во услови на високи цени на енергенсите и отежнато снабдување на пазарот со енергенси“, стои во соопштението на АД ЕСМ испратено до медиумите.

17.08.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега