Филипче: Посебна осмомартовска честитка упатувам до сите мои колешки

Во оваа криза, жените медицински работнички, покажаа колку се цврсти и силни да се борат со пандемијата, еден од најголемите предизвици на столетието. Покажаа дека се подготвени неуморно да се вложат и да се жртвуваат себеси за животот и здравјето на своите сограѓани и доброто на зедницата, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„Со сета почит кон нивната големина и храброст, посебна осмомартовска честитка упатувам токму до нив, сите мои колешки.  По повод празникот, денеска ги посетив медицинските сестри на Универзитетската Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување, лично им се заблагодарив за нивниот влог во оваа битка и им го честитав Меѓународниот ден на жената“, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега