Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
Откако паднаа потписи на државните челници од Западен Балкан во Германија, за единствен регионален пазар, сега владите ќе треба да ги спроведат акциските планови и реформите внатре во државите. Експертите велат дека придобивките од единствениот регионален пазар за 18 милиони луѓе се огромни.
Најголемата размена државите треба да ја имаат со своите соседи. За Македонија тоа се земјите од Западен Балкан. Берлинскиот процес ги натера државите да ги тргнат царинските бариерите кои ги воспоставија.
За да се избегнат проекциите на Светска Банка дека Македонија ќе биде последна во регионот по стапката на раст, професорот Узунов потенцира дека се потребни структурни промени.
Германската амбасадорка е децидна дека регионалниот пазар ќе биде мост кон единствениот пазар на ЕУ.
Новиот акциски план за единствен регионален пазар е составен дел од Планот за раст на Западен Балкан на ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа