Двајца прилепчани лишени од слобода поради кражба
Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, вчера лишиле од слобода две лица од Прилеп поради сомнение за кражба.
Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, лицата Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп, се лишени од слобода поради тоа што се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети.
Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
- По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа