Со сите сили се трага по 28-годишниот неготинчанец - но нема траги
На 2 февруари 2025 година, градоначалникот на општина Неготино побарал помош од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен веднаш е излезен претставник од ПОЗС Неготино, со тимовите за пребарување, односно Тимови за брз одгвовор на ДЗС.
Како резултат на ова барање, ТБО од Кочани веднаш бил ангажиран за контрола на областа долж реката Луда Мара, во близина на селото Марена. И покрај интензивните пребарувања, не се пронајдени нови траги што би помогнале во утврдувањето на локацијата на исчезнатото лице.
Денес, 3 февруари 2025 година, во операцијата е вклучен и тимот за спасување од вода на ТБО Велес, кој од раните утрински часови спроведува детални пребарувања по целата река. Од ДЗС упатуваме апел за соработка со граѓаните и до секој што може да има корисни информации за исчезнувањето на 28-годишниот маж.
Потрагата ќе продолжи сѐ додека не се најдат нови траги што ќе помогнат во пронаоѓањето на исчезнатиот.
03.02.2025 - 17:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа