Рубио стана в.д. администратор на УСАИД

 

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.

Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.

Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“.

Таа треба да одговори на политичките директиви на Стејт департментот и одбива да го стори тоа, тврди тој. 

03.02.2025 - 21:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега