Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби.
„База“, канал на Телеграм близок до руските специјални служби, објави видео снимка на која се гледа сериозна штета на станбениот комплекс „Али Паруса“, каде што се случи експлозијата.
Причините за експлозијата засега остануваат непознати. Во декември Украина ја презеде одговорноста за убиството на рускиот генерал Игор Кирилов во бомбашки напад пред станбена зграда во Москва.
Засега нема коментар од Киев.
03.02.2025 - 23:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа