Запален автомобилот на обвинителка од скопското Обвинителство која работела два сензитивни предмети

 

Опожарен автомобил на обвинител од скопското обвинителство кој работел сензитивни предмети.

-Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, соопштија од обвинителството.

Според нив, првичните индиции упатуваат дека обвинителката била таргетиран бидејќи „постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.“

Телма објави дека станува збор за обвинителка.

-Од скопското обвинителство не откриваат повеќе детали за обвинителката и за истрагите кои ги води освен што посочија дека станува збор за еден предмет отворен пред неколку години за кој се преземаат повеќе истражни активности, јавува телевизијата.

Од МВР пак соопштија дека пожарот е пријавен утрово околу 6 часот, по што пожарникарите го изгаснале пожарот и е извршен увид. Пожарот е предизвикан на територија на Карпош, а предизвикана е материјална штета на возило пежо партнер. Нема повредени лица. Пријавител на случајот е 45-годишне маж.

03.02.2025 - 14:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега