Девојка пријавила силување во велнес центар

Британка која дошла на одмор во Италија, пријавила дека била силувана од страна на 25 годишен маж. Настанот се случил во машката соблекувална на бањата Порта Романа во Милано.

Според изјавата на 29 годишната Британка, момчето го запознала во велнес центарот а потоа ја поканил на затскриено место каде и ја принудил на секс.

Таа веднаш по немилиот настан случајот го пријавила во полиција. Полицијата веднаш по пријавата пристигнала и брзо го идентификувала осомничениот.

Истрагата за овој случај се уште е во тек.

01.02.2024 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега