Несреќа во Македонија: Мортус пијан среде бел ден се забил во мотор и автомобил
МВР информира дека вчера во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово.
На ул.„Теофан Економов“ во Куманово, тој со возило „сеат леон“ со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа