Временска прогноза за Велигден и Први Мај - Пред нас многу денови одмор, ќе има ли сонце?
УХМР за денеска најавува дека се враќаат дождот и снегот во Македонија. Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Пред нас е големиот празник Велигден, за кој ќе добиеме четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, но времето не се погоди, па дождот ги уништи плановите. Според пррогнозата на Accuweather, за Велигден не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд.
По Велигден неработен ден е Први Мај - Денот на трудот, а според прогнозата на Accuweather, времето ќе биде сончево со облачни периоди и температура до 22 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа