Мицкоски се огласи на Фејсбук: Телефонски разговарав со американскиот државен секретар за економија

 

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и сподели дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник.

- Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник - пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје. Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата. Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка. Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.

10.04.2025 - 08:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега