Детали за пожарот во Требеништа - познат е идентитетот на жртвата
Седумдесет и седумгодишна жена (Б.Н.) е жртвата на пожарот што изби во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца.
Според информациите од охридската полиција, во куќата се наоѓале и нејзиниот 79-годишен сопруг и нејзината 70-годишна сестра која се здобила со повреди и со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Општата болница во Охрид.
Во гаснењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото извршила увидна екипа предводена од јавен обвинител.
Засега нема информации за причината за пожарот.
10.11.2023 - 15:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа