Денеска Зеленски слави роденден: Неговата сопруга му упати емотивна порака, од која ќе Ви надојдат солзи

Денеска му е роденден на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој доби емотивна честитка од својата сопруга Олена:

„Често ме прашуваат за тоа како си се сменил во текот на оваа година. А јас секогаш одговарам: „Не е сменет. Ист е и понатаму. Истото момче што го запознав кога имавме 17 години. Но, нешто всушност се смени: сега многу помалку се смееш. На пример како на оваа фотографија…Ти посакувам да имаш многу повеќе причини за насмевка“ – напиша Олена Зеленска.

Војната во Украина продолжува, а Германија и САД денеска најавија дека ќе испратат тенкови во оваа земја. Долгоочекуваната одлука на овие две земји одекна во медиумите. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека поддршката на Украина е „обврска на светот“. Тој најави испорака на 31 тенк „Абрамс“, што е еквивалент на еден украински баталјон и соодветна обука за украинските војници да можат да управуваат со возилата. Тој исто така ги нарече Абрамс „најспособни тенкови во светот“. И други земји на НАТО најавија испорака на свои тенкови. Германија во првата пратка ќе достави 14 „леопарди“, но не војници или авиони, најави канцеларот Олаф Шолц.

25.01.2023 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега