Д-р Џиковски нов директор на Kлиниката за торакална и васкуларна хирургија

Угледниот д-р Игорче Џиковски е нов директор на ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија.

Тој завршил на медицинскиот факултет Скопје и е специјалист по општа хирургија и супспецијалист по торакална хирургија.

Работи на клиниката од 2011та година, а годишно со над 250 оперативни зафати е еден од најпродуктивните доктори на државната клиника.

Зад својата кариера има повеќе обуки и сложени операции низ повеќе европски и светски медицински центри, како Истанбул, Болоња, Солун, Киев и други места.

17.07.2024 - 21:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега