"Црн петок за маркетите" - Нов повик за бојкот
На социјалните мрежи има нов повик за бојкот на маркетите за Петок, 7. Февруари, именуван како „Црн петок“ за маркетите.
На 31. Јануари граѓаните ги бојкотираа поголемите маркети. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а беше најавена и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.
Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, велат од УЈП за МРТ1.
Сепак, следниот ден, во Сабота, граѓаните пазареле двојно повеќе.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека се на терен и вршат контроли кај производителите на храна, дистрибутерите и маркетите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа