Четири лица пренесени во болница - автомобил полн со малолетници удри во оградата од касарната во Прилеп


Доцна синоќа во 23.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Васко Карангелески“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(20) од Прилеп, удрило во оградата од касарната „Мирче Ацев“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца други малолетни сопатници од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, сите од Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

23.09.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега