Бугарскиот амбасадор на заминување: Географијата нема да ја менуваме, ќе останеме соседи и треба да имаме интензивна комуникација

 

Бугарскиот амбасадор во земјата, Ангел Ангелов, очекува новата влада во Бугарија да го продолжи дијалогот за надминување на несогласувањата во историската комисија. Очекува дека новата влада нема да преговара оти не може да се преговара за нешто што е веќе договорено.

„Ние сега имаме избори, ќе бидат на 27 октомври. Се надеваме дека потоа ќе имаме една влада со која ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира, не преговори затоа што преговори не може да има за нешто што е веќе договорено, она што е договорено мора да се исполни. Ние географијата нема да ја менуваме, ќе останеме соседи и треба да имаме интензивна комуникација вклучувајќи ја и историската комисија“, рече амбасадорот Ангелов.

Нему в петок му завршува мандатот. Извести дека веќе бил кај министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунсски, за да си кажат довидување, но не разгледувале што може да се направи за закочениот процес на историската комисија.

 
26.08.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега