Битиќи на состанок со Кристин Мелсом: Северна Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори
ТИРЗ-Тетово е првата индустриска зона со јавно приватно партнерство која успешно работи во земјава и на состанокот беше искажано задоволство за успешната соработка во овие години.
Вицепремиерот Битиќи истакна дека партнерскиот однос ќе продолжи и во иднина, заедно надминувајќи ги сите предизвици кои можеби доаѓаат посочувајќи ја отвореноста за сите заинтересирани инвеститори кои сакаат да инвестираат во земјава.
Директорката Мелсом упати отворена покана за бизнис средба со потенцијални инвеститори и партнери во Норвешка со цел продлабочување на соработката и развој на Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа